На бугарскиот европратеник Андреј Ковачев не му било јасно од кои причини во Македонија упорно одбиваат, првенствено опозицијата, да направат промени на Уставот заради внесување и на Бугарите во него.
„Навистина ми е несфатливо каква е неможноста или неподготвеноста на Северна Македонија, а особено на тамошната опозиција, да ги вклучи Бугарите во својот устав“, изјави за софиски „Дневник“ европратеникот од ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов.
Според Ковачев, и Европската унија и САД направиле сè за да ја поддржат интеграцијата на Македонија и почетокот на нејзините преговори за членство во ЕУ.
„Од наша страна има гестови на добра волја за да можат и тие да тргнат на патот на евроинтеграциите и да ја надминат носталгијата, инерцијата од времето на Титова Југославија“, додаде тој.
Според Ковачев, не постои начин сите земји од Западен Балкан истовремено да влезат во ЕУ.
„Сите мислиме дека најлесно ќе биде да се интегрира Црна Гора во Европската унија, потоа се преговорите со Албанија. Се надевам дека, доколку има политичка желба во Скопје за промени, ќе почнат и тие преговори. Се надевам дека ќе се најде некое замено прифатливо решение за признавање меѓу Приштина и Белград. За да не очајуваат граѓаните на овие земји, Европската унија мора да се отвори за овие граѓани преку различни проекти, програми и иницијативи“, изјави членот на Европскиот парламент.






