Ние сакаме полноправно членство во Европската унија за сите земји од Западен Балкан, ова беше главната работа во нашето претседателство, рече бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
„Во однос на Република с.Македонија, верувам дека не е европски да се поддржуваат манипулациите и лагите. Ние мора да ја надминеме омразата што беше изградена за време на тоталитарниот режим. Нормално е да се бара да се надмине антибугарската реторика, особено во последните неколку недели. Тие треба да имаат храброст да го сторат ова, не затоа што тоа е бугарска позиција, туку затоа што одговара на историската вистина“, рече Ковачев за бТВ, пренесува „БГНЕС“.
Според Ковачев, надворешните фактори како што се Белград и Москва, како и про-југословенската елита со носталгија кон Тито, не дозволуваат Бугарија да биде најблиску до с.Македонија и двете земји да имаат односи како Германија и Австрија, Грција и Кипар, Романија и Молдавија.
„Има огромна консолидација во бугарското општество, без оглед на партиската припадност на народот“, вели Ковачев.





