Ковачев: Македонија да не прави никакви калкулации за ЕУ

Андреј Ковачев Андреј Ковачев се огласи во врска со последниот инцидент со навивачите на „Левски“ во Скопје.



Според него, станува збор за серија антибугарски настани а целата атмосфера што ја создаваат политичарите, медиумите и политичката елита на несакање кон Бугарите се пренесува во сферата на спортот и културата.

Во изјава за БТВ тој вели дека „самите политичари во Република * Македонија поттикнуваат вакво однесување

Ковачев инсистира на тоа дека Бугарите не треба да бидат дискриминирани во Македонија и треба да можат да имаат нормален живот.

Со вклучување на Бугарите во главниот дел од Уставот на РСМ, тие ќе имаат правна основа за заштита на нивните права како етнички Бугари.

„Политичарите во РСМ да не прават никакви калкулации. Има европски предлог во кој пишува дека договорот меѓу Бугарија и РСМ бара да го отстранат јазикот на омразата, да ја сменат пропагандата во учебниците – ова се дел од барањата на ЕУ.

Немојте погрешно да го толкувате она што го кажа Олаф Шолц и не одете од врата до врата барајќи да не мора ништо друго да прават за да влезат во ЕУ“, рече Андреј Ковачев.