Македонската страна се обидува да најде изговори. Бугарските избори немаат никаква врска со нашата заедничка историја, изјави вчера европратеникот Андреј Ковачев одговарајќи посредно на изјавата на македонскит премиер Зоран заев дека за надминување на спорот со Бугарија треба да се почека да завршат парламентарните избори во Бугарија..



Според него, „потребна е поголема смелост и храброст од страна на премиерот Зоран Заев“, пренесе БГНЕС.

Договорот за добрососедство и пријателство мора да се спроведе.

Ако во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Македонија колегите од Скопје се плашат да ги прифатат фактите, тогаш ќе треба да се најдат други механизми за спроведување на Договорот, рече Ковачев, нагласувајќи дека „Европската унија постои не се мразиме едни со други, туку да живееме заедно во целосна толеранција“.

На прашањето дали очекува каква било промена во бугарската позиција пред состанокот во Брисел, Ковачев со одговор:

„Малку е веројатно дека утре и во следните неколку часа ќе има развој на сегашната состојба, особено со оглед на неуспехотот на последниот состанок на крајот од минатата недела на Заедничката бугарско-македонска историска комисија“.