Ковачев: Браво за Пендаровски!

По изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека бугарската опозиција и власт се уште не излегле од „матрицата на живковизмот“ што е и причина за сегашната блокада и неприфатливи услови што ги поставува Софија на патот на Макдонија кон ЕУ, реагираше европратеникот Андреј Ковечев.



„Браво за Пендаровски! Конечно разбравме што се случи: Христо Татарчев, Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Григор Парличев и сите други преродбеници и револуционери се идентификуваа како Бугари затоа што ги следеле упатствата на Тодор Живков“ , вели Ковачев како што пренесува БГНЕС.

Во интервјуто Пендаровски рече дека „основач на ставот дека нема македонски народ и македонски јазик е Тодор Живков. Во пракса, ова значи дека модерната бугарска политика, владата и опозицијата се исти и не ја напуштиле матрицата на живковизмот и нивната комунистичка историографија.

Ковачев се обидува да биде шеговит па продолжува: „На ист начин, кралот Самоил и неговите синови се пишувале „од бугарски род“ под притисок на „патникот низ времето“!

Паѓа ли паѓа нивото“, вели Андреј Ковачев.