Бугарскиот европратеник вели дека доколку веднаш се соопштеше одлуката на историската комисија за Цар Самоил од 2019-та година, како и ако се најдеше слична одлука за Гоце Делчев, немаше да има одложување на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ.



„Што се однесува до Цар Самоил, Гоце Делчев, браќата Миладиновци или кој било друг преродбеник или револуционер од Македонија, на светската историографија отсекогаш и било апсолутно јасно дека тие се Бугари и дел од бугарската историја! Доволно е да се отвори која било странска енциклопедија… на кој било јазик, да се види дека сите „контроверзни“ историски личности и теми се јасно дефинирани и претставени како целосно бугарски“, вели Ковачев за БГНЕС.

„Признавањето на цар Самоил за бугарски цар и неговиот Кралството како бугарско од македонскиот дел од мешаната историска комисија е несомнено сериозен чекор напред во однос на имплементацијата на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година и прифаќањето на заедничката историја меѓу Бугарија и Македонија.

Верувам дека доколку оваа одлука беше објавена уште во 2019 година, кога беше договорена, како и доколку се најде слично решение за Гоце Делчев, немаше да има ниту Рамковниот став на Бугарија, ниту последователно одложување на почетокот на преговорите.

Вели дека како што предвидува Договорот, протоколите кон него и самата преговарачка рамка, препораките на комисијата не бесмислени туку задолжителни услови пропишани во преговарачката рамка, кои мора да се спроведат за да продолжи процесот на пристапување на Македонија …