Кандидатката за градоначалник на Општина Центар Наташа Котлар ветува поубав и полесен живот за децата со попреченост и центри за ментално здравје.
„За првпат во Центар ќе формираме центар за ментално здравје со дневен претстој за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром и друго. Во центарот ќе се вработат дефектолози, педагози, психијатри и негователи. Целта е децата да напредуваат и да се интегрираат во општеството. Ќе изградиме четири нови градинки со опфат од околу 600-тини деца и тоа во Пролет, Маџир маало, Дебар маало и Капиштец. Ќе организираме и зелено училиште за учење во природа. Се грижиме за најмладите! За Центар со душа!
Опсервер: Котлар: Создаваме нова иднина – Формирање на центар за ментално здравје со дневен центар за деца со попреченост, аутизам, Даунов синдром“ – информираше Котлар.





