• Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Search
Saturday, April 18, 2026
  • Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Sign in
Welcome! Log into your account
Forgot your password? Get help
Password recovery
Recover your password
A password will be e-mailed to you.
Expres.mk
  • Македонија
  • Свет / Балкан
  • Бизнис
  • Колумни
  • Личен развој
  • Локални избори 2021
Home Македонија Котлар: Ужасно лого, небаре автомобилска табличка!
  • Македонија
  • Популарно
  • Слајдер

Котлар: Ужасно лого, небаре автомобилска табличка!

July 14, 2021
Facebook
Twitter
Pinterest
WhatsApp

    Историчарката Наташа Котлар се приклучи на лавината негативни реакции за владиното лого за прославата на 30-годишнината од независноста на Република Македонија.



    „Ужасно лого, небаре автомобилска табличка! Не може со намерно лажење, мистифицирање да се замени името на државата ‘Република Македонија’ со ‘Северна’. Последнава има свој датум – 18.6.2018 г. и толку! 8-ми Септември е датум на македонската независност.

    Не може само заради една непримерна Спогодба, во која стои именување ‘Втора страна’, да припаднеме, да го загубиме здравиот разум, нашето име и нашата, македонска историја и иднина. Исто така, не може ни Референдумскиот скандал на силување на демократијата (‘балкански начин’) од 30.9.2018 г., ни сомнителните уставни измени да ѝ дадат живототворност на ‘Северна’ (2019).

    Духот македонски е посилен, дури од ‘северниот’! На 8 септември 1991 година во Македонија се одржа референдум за суверена и независна Македонија. На гласањето од вкупниот број на жители со право на глас 95,25 проценти одговорија позитивно за осамостојување на Македонија. За споредба, во Словенија на референдумот за осамостојување овој процент изнесува 88,5. Оттука, датумот 8 септември станува особено значаен во поновата историја на македонскиот народ.

    Врз основа на резултатите од референдумот, десетина дена подоцна, Собранието на Република Македонија, на својата седница од 17 септември 1991 г., усвои декларација со која Македонија е прогласена за суверена држава, со што се заокружени легалните аспекти на независноста. Во хронолошки ред, на 17 ноември 1991 г., Собранието на Република Македонија го усвои и го изгласа Уставот на Републиката, а еден месец подоцна, на 17 декември 1991 г, Собранието на Република Македонија усвои Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава, барајќи меѓународно признавање.

    Македонските чествувања не се и ‘северни’“, реагира на Фејсбук професорката од Институтот за национална историја.

    • TAGS
    • лого
    • Наташа котлар
    • независна Македонија
    Facebook
    Twitter
    Pinterest
    WhatsApp
      robertino
      • Контакт
      • Импресум
      • Маркетинг
      • Услови за користење
      © Expres.mk. Сите права се задржани.