Котлар: Делчев е македонска историска личност и не може да се пазарите за него!

Историчарката Наташа Котлар реагира на дебатата за Гоце Делчев наметната од бугарска страна, од која има и повици за вето за Македонија за членство во Европска унија ако не се согласи дека „апостолот на македонската револуционерна борба“ е Бугарин.



„Гoце Делчев е мaкедoнскa истoрискa личнoст и не мoже дa се пaзaрите зa негo! Бoрaнијa, кoмпири, зелкa имa мнoгу нa пaзaрoт, зa oвие зеленчуци пaзaрете се кoлку штo сaкaте…!“, напиша вишата научна соработничка во Институт за национална историја.