Котлар: Бугарскиот документ веднаш да се искине и фрли…

Професорката Наташа Котлар-Трајкова вели дека објавениот документ со кој Бугарија поставува нови (агресивни) услови за Македонија за идниот преговарачки процес, е сериозен манифест на негирање на македонскиот народ и неговата историја.



Според неа, документот треба на прв поглед да не вџаши, а потоа со „божја“ помош, односно со помош на македонските ренегати од секаков вид, да голтнеме горчина, за во иднина благо да мислиме.

„Ова е содржина која повеќе зборува за европските партнери на Бугарија, одошто за самата неа. Изразеното понижување кон македонскиот народ, инфлагрантното фалсификување на македонската историја и нејзиното манипулативно прикажување во документот, до недолично и целосно негирање на македонскиот народ е невиден пример на фашистичко однесување на бугарските политички и водечки претставници, како и на нивните европски поддржувачи, за жал во 21 век- вели Котлар за Пресинг.

(…) овој бугарски документ не треба да се прифати, веднаш да се искине и фрли, да се напише остра нота, најпрвин до европската политичка елита-ЕУ, а потоа и до Бугарија.

Јавно да се објави заштита на македонските национални интереси и заштита на македонската сувереност, за сега и за во иднина! Затоа што националното достоинство на една држава и нејзиниот народ стои највисоко пред секој индивидуалец“, како врвен приоритет, потенцира проф.Котлар-Трајкова.