Котеска за ќерката на министерот Димитров: Абре дајте малку етика мајкуму…

Професорката Јасна Котеска вчера дознала дека на конкурсот за Шангај стипендија во 2017 година кога ќерката на министерот Никола Димитров доби 40,000 евра, се пријавиле минимум 10 студенти, а не само 1 кандидат како што пренесоа медиуми.



“Сега ставете се на мое место. Цел живот предавам хуманистика, ок? Дискутираме како е кај Толстој. Тоа значи треба да се ќути за дома како е?”, вели професорката Котеска која е разочарана од тоа што се дискриминираат децата на тие што немаат родители политичари.

“Инаку, твитов се однесува на стипендијата на Димитров.
Не била само ќерката единствен кандидат за стипендијата.
Имало уште едно десетина деца.
Абре… дајте малку етика мајкуму :((“, пишува на Твитер разочараната Котеска која беше дел од Шарената револуција.