Професорката Јасна Котеска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ со неколку објави на Твитер се пресмета со тезите според кои тоа што македонските интелектуалци и револуционери пишувале на бугарски јазик сугерира за нивната национална свест.
Инаку, според логиката на бугарскиот договор и толкувањето на Љубчо, отсега па натаму, замолувам сите Словенци од 19 век да ги викате Германци! Во 19 век сите Словенци пишувале на германски, вклучувајќи го и Прешерн. На Жбогар кога му спомнав, се правеше дека не слуша..
Ај што сите Словенци во 19 век пишувале германски, туку и националното ќе стане проблем. Линхарт е полу-Чех, Цојс е полу-Италијанец, кој бил Унгарец, кој Хрват, кој Австриец.. Ако Република Словенија го примени овој договор – треба да се самораспадне!
Предавам словенечка книжевност од 1996, вонредно сум проф. по филозофија на Катедрата во Љубљана, уредувам книги за ЦЕРИ-СК и моите колеги се Словенци. Отворено ви гарантирам дека Република Словенија НЕ би издржала ниеден договор сличен на овој со Бугарија со ниеден нивен сосед.