Јапонскиот оперски пејач и голем вљубеник во Македонија, Казухиро Котецу, пристигна во Битола и прошета низ градот на конзулите, каде што на Денот на востанието на македонскиот народ 11 Октомври ќе настапи на 32. Интернационален фестивал на камерна музика „Интерфест“.



Во Центарот за култура тој ќе изведе оперски арии од Волфганг Амадеус Моцарт и од Џузеое Верди, како и македонски народни песни од неговиот омилен пејач Јонче Христовски, како и од Васска Илиева и од Петар Георгиевски-Калица, заедно со Камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на Владимир Димовски.

Македонската јавност го познава Котецу како интерпретатор на многу македонски народни песни како „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“, „Земјо македонска“, „Битолчани мераклии“, „Ако одам во Битола“, „Битола мој роден крај“ итн.