Големиот вљубеник во Македонија, оперскиот пејач Казухиро Котецу, се пожали на Твитер што во Јапонија одвај се снабдува со македонско вино.
„Сега сум многу тажен… Во Јапонија има само неколку продавници што продаваат македонски вина“, твитна басот од Токиската опера што испеа десетина македонски народни песни, вклучувајќи ја и химната, и ги објави на Јутјуб.
На популарниот Коце под постот веднаш му се понудија македонски твитерџии да му испратат пакети вино од Македонија.






