Вљубеникот во Македонија, басот од токиската опера Казухиро Котецу, на својата низа маестрални изведби на македонски народни песни („Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Мој роден крај“, „Ти се колнам“, „Болен ми лежи Миле Попјорданов“, „Кога падна на Пиринa“, „Пијан идам од града“, „Земјо македонска“, „И ние сме деца“) и на државната химна „Денес над Македонија“, ја додаде и „Со маки сум се родила“.






