Јапонскиот оперски пејач и вљубеник во Македонија, Казухиро Котецу, се наоѓа на безбедно место по катастрофалниот земјотрес во Јапонија.
„Префектурата Ишикава е оштетена, но мојата домашна префектура и Токио се безбедни“, извести на Твитер басот и претседател на Токиската опера под објавата во која ја честита Нова година на македонски јазик.
Популарниот Коце на својот канал на Јутјуб постојано пласира сопствени интерпретации на македонски песни, а во последното издание на Меѓународниот фестивал на камерна музика „Интерфест“ ја крена на нозе публиката во Битола со изведбата на „Ако умрам ил’ загинам“ на својот омилен македонски пејач и автор Јонче Христовски.






