Бизнисменот Трифун Костовски тврди дека зад стечајот на Еуростандард банката стои организиран криминал.
“Ме боли, навистина ме боли направената неправда со стечајот на Еуростандард банка. Сметам дека оваа рана никогаш нема да зацели во мене. Организираниот криминал кој стои во позадината на стечајот со банката не бира кого ќе нападне, за него е битно да ја оствари својата цел, да посегне по туѓото, не водејќи сметка дека со тоа загрозува многу човечки судбини. Таквите луѓе се сиромаси. Етичкиот кодекс за нив пет пари не вреди”, вели Костовски во последната колумна.
Во текстот тој раскажува за своето детство и како го заработил своето богатство.
“Минаа повеќе од 70 дена од упокојувањето на Еуростандард банка, а состојбата на шок беше интегрален дел од мојата личност во првиот месец, месц и половина од овој изненаден и со ништо предизвикан стечај. Денес после мои длабоки анализи мозаикот за уништување на банката ми е затворен.
Криминогените структури во земјава заедно со мојот прв човек на Управниот одбор со години правеле криминални деанија, манипулирајќи со сметките на приватните и правни лица, што доведе до незавидна ситуација во банката. Гарантирам дека Надзорниот одбор во банката немаше никакви индикации за ваквата злоупотреба од првиот човек на Управниот одбор.
Во моментот кога сфативме дека ѓаволот ја однел шегата, ние акционерите го разрешивме стариот Управен одбор и именувавме нов, со што ги пресековме сите канали за натамошно истекување на парите. Ние, како акционери бевме детерминирани да ја спасиме банката не замо за нас како акционери туку и за сите депоненти во банката.
Во моментот кога ги пресековме сите канали на истекување на пари од банката, кога одлучивме да одиме докрај ние како акционери, со новиот Управен одбор да видиме каде завршиле парите и истите да ги вратиме назад во банката, веќе беше донесена одлуката од страна на Народна банка за ликвидирање на Еуростандард банка.
За носење во стечај на Еуростандард банка веднаш после вонредната ситуација, кумуваше и Техничката влада која што со првобитната уредба од 24.03.2020, објавена во Службен весник, со која на сите правни субјекти дава 3 месечен термин за непокренување на стечај по истекот на вонредната ситуација, за да со нова уредба со сила на закон, објавена во Службен весник на 29.05.2020, првобитната уредба се суспендира!!!
ЗОШТО друг правен субјект по завршувањето на вонредната состојба отиден во стечај освен Еуростандард банка НЕМА?
Не можам да престанам да се прашувам, ЗОШТО?”, пишува Костовски.
Целата колумна на овој ЛИНК






