Костовски бара да запрат обвинувањето за соучесништво во Еуростандард инаку ќе тужи

Во објавата на оштетените штедачи од 15.06.2021 година, ме обвинувате како соучесник во лошото работење на банката. Сакам да ви биде јасно, јас како акционер го именував само Управниот Одбор и целокупната внатрешна структура во банката е раководена од поставениот Управен Одбор, читајте Генерален директор.



Ова е реакцијата на бизнисменот Трифун Костовски откако здружението на штедачи на Еуростандард го обвини за соучесништво во стечајот на банката.

“Со каква леснотија обвинувате за мое соучесништво, навистина се граничи со неразумност.

Повторувам: стојам на располагање за секаков вид распит околу стечајот на Еуростандард банка. Нема да толерирам натамошни клевети од ваша страна и ве предупредувам дека доколку продолжите на ваков начин да ми го рушите достоинството, ќе бидам принуден да ве носам на суд, да ве тужам за клевета”, пишува Костовски во реакцијата.