Костов: Али Ахмети да ја води историската комисија…

Во синоќешното гостување во емисијата „Само вистина“, аналитичарот Сотир Костов, даде свое видување за тоа како може успешно да функционира Мешовитата бугарско-македонска комисија за историјата и образованието во која „се кршат“ копја околу идентитетот на личности од минатото и, пред се’, за македонскиот револуционер Гоце Делчав.



„Али Ахмети треба да ја води историската комисија“, изјави Косотов во дебатата со Добре Митрев, кој себе се претстави како Бугарин од Македонија.

Костов рече дека високо го почитува лидерот на ДУИ како стратег.

„Опасен стратег, се што посака го оствари. Али Ахмети треба да преговара со Бугарите . Комисијата да ја води Ахмети – ништо нема да им даде“ рече Костов кој сепак е на став дека заедничката комисија треба да се укине.