Костадинов на болниот од корона Мицкоски му порача да не се стреми да биде најпопуларен пациент!

Наместо желби за брзо оздравување, пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, со дегутантна порака до лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски, кој веќе две недели се бори со Ковид-19.



„Лидер, макар бил и на растурена партија каква што е ВМРО-ДПМНЕ, треба да се стреми да биде најпопуларен политичар, не најпопуларен пациент во државата.

Граѓаните нас политичарите нè гласаат за политиките кои ги спроведуваме, никако не нè гласаат и не смеат да нè гласаат заради сожалување, како што мисли Христијан Мицкоски“, реагира Костадинов преку Фејсбук на објавата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалната мрежа за неговата борба со коронавирусот на Инфективната клиника.