Костадинов може за секое прашање да ја префрли вината на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов до толку се извештил во политиката што нема никаков проблем за секое прашање за кое е одговорна владата на неговата партија да ја обвини ВМРО-ДПМНЕ.



Својата вештина за манипулација со медиумите, новинарите и граѓаните Костадинов ја потврди уште еднаш на емисијата Само вистина на Канал 5.

Иако прашан за одговорноста на владата на СДСМ Костадинов во сите три први одговори успеа да ја “префрли топката” на опозицијата и му беше дозволено да направи нова манипулација.

Наместо да одговори на прашањата за владата и СДСМ тој наоѓаше начин во сите три први прашања да ја спомене ВМРО-ДПМНЕ во негативен контекст.

Видете сами во линкот до емисијата на Канал 5

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=327998055316740&id=247596241947003