Лидерот на бугарската партија „Вазраждане“, Костадин Костадинов, од говорницата на Народното собрание, изјавил дека е загрижен од можноста за физичка ликвидација на Бугарите во Македонија.



Како причина тој го навел синоќешниот случај на одбивање да му се пружи лекарска помош на претепан Бугарин во Охрид, јавува Њуз.бг.

„Ќе има Бугари убиени во Северна Македонија“ – изјавил тој.

Костадинов повторно изјави дека Македонија не е подготвена да се приклучи на европското семејство и потсети на нападите врз бугарскиот клуб во Охрид.

Сите европски земји ги затвораат очите и ушите пред застрашувачката антибугарска хистерија и омраза, посочи Костадинов. Овој молк, според неговите зборови, ја дегенерира самата суштина на ЕУ.

23-годишниот Бугарин од градот Охрид Христијан Пендиков има повеќе испукани пршлени, ребра и скршена вилица. Пендиков синоќа бил нападнат во грб од Илија Спасески и уште две лица, јави репортерот на БГНЕС.