Членот на тимот на Тамара Тодевска Коста Давид Петров тврди дека сепак дијаспората гласала за македонската песна на Евровизија.
Петров вели дека на Евровизија не се победува лесно но дека ако се продолжи со добрата работа за неколку години може да се победи.
“Дечки, ви благодарам на сите за пораките и за убавите зборови. Ова што се случи е резултат на тримесечна тимска работа.
Искрено, не верувам дека некогаш нашата земја имала ваков тим на Евровизија и тоа се почувствува уште од првиот момент кога стапнавме во Тел Авив.
Покажавме и докажавме дека и од мала земја може да доаѓаат големи работи и искрено најмногу се гордеам за тоа!
Резултатот е најдобриот што некогаш бил постигнат и треба да сме горди на тоа!
Лично знам дека дијаспората гласаше.
Луѓе од цел свет се организираа и ми праќаа пораки дека групно ќе гледат Евровизија и сигурен сум дека повеќето гласале.
Мора да сфатиме дека се е процес и не се победува туку така. Пред да отидеме, нашата земја само еднаш во десет години има влезено во финале.
Оваа година не само што влеговме во финале туку сме биле и втори во најконкуретното полуфинале со години.
Завршивме осми и треба да сме горди на резултатот. Следна година се ќе биде полесно. Да продолжиме со добрата работа и сигурен сум дека за 2-3 години реално ќе можеме и да победиме.
Од името на целиот тим ви благодарам за овие незаборавни неколку дена и се гледаме на врвот!”, пишува Петров кој беше еден од членовите на тимот кој дојде до 8мо место на Евровизија.
Петров не ги коментира политичките поделби кои ги предизвика настапот на земјава како Северна Македонија.





