На денешната средба на српските политички претставници од северот на Косово на која присуствуваа и лидерите на Српската листа и на сите четири општини од северот – Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ – било одлучено Србите да ги напуштат сите политички институции – собранието, владата и 4 општини, но и судската властите, полицијата и администрацијата во Косово.



Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, поднесе оставка од функцијата министер во владата во Приштина, а други претставници на Србите поднесоа оставки и од функцијата парламентарци, градоначалници на четири општини на северот на Косово, како и сите вработени во институциите на Косово.

Ракиќ рече дека на средбата било констатирано дека Приштина постојано го крши меѓународното право и договорите постигнати во Брисел, како и дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на континуиран терор и незаконски еднострани дејствија.

Почнувајќи од прекршување на слободата на движење, рации на РОСУ, изградба на полициски бази, гонење за политички говор, забрана на избирачко право и обиди за предизвикување хуманитарна катастрофа со забрана на вакцинирање, сквернавење гробови“, рече Ракиќ.