Главната партија што ги претставува Србите во Косово, Српска листа, за во сабота свика вонреден состанок со градоначалниците на четирите општини на северот на Косово со српско мнозинство со цел да ги повика Србите да ги напуштат институциите на северот, вклучувајќи ги судските, полициските и другите институции.



Таквата одлука следува откако регионалниот началник на полицијата на северот на Косово Ненад Ѓуриќ е суспендиран под обвинение обвинет дека одбил да ја спроведе политиката на косовската влада за постепено укинување на регистарските таблички издадени од Србија.

Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ изјави дека Србите треба да ги „зајакнат и изградат“ сопствените институции во северно Косово во соработка со Србија.

„Почнувајќи од мене лично, а исто така и од локалните самоуправи, обвинителството, судот, полицијата и сите други власти“, рече Ракиќ и додаде дека „треба на сите горди Срби кои не се согласуваат да бидат декор на Приштина да ги зајакнеме и изградиме српските институции“.

Косовскиот премиер Албин Курти, на местото на сменетиот Ѓуриќ планира да постави друг Србин, но дали тој ќе прифати ќе се знае утре…

По разговорите со претседателот Александар Вучиќ, косовските Срби порачаа дела или ќе се бранат или ќче мора да се „пакуваат ма трактори“.