Косовскиот Уставен суд го оспори изборот на сегашната влада

Уставниот суд на Косово оцени дека изборот на Владата на Авдулах Хоти на 3 јуни е неуставен, затоа што за него гласаше пратеник кој претходно бил осуден на затвор.



Поради ова, Косово мора да оди на предвремени парламентарни избори.

Уставниот суд пресуди дека гласот на пратеникот Етем Арифи за избор на влада во Собранието е неуставен, со оглед на тоа што Арифи тогаш имал правосилна пресуда за кривично дело, а неговиот глас беше клучен за формирање Влада, пренесува Хина, повикувајќи се на порталот Косово Онлајн.

Пратеникот Арифи го криел фактот дека е осуден и се кандидираше на парламентарните избори на 6-ти октомври минатата година, иако законот не го дозволува тоа.

Имајќи предвид дека Владата не е избрана според Уставот, Уставен бара претседателот на Косово да распише избори.

Актуелната влада ќе остане на функцијата до изборот на нова косовска влада.