„Во својот кабинет, заедно со претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца, премиерот на Косово Албин Курти ги прими лидерите на албанската политика од * Македонија: Арбен Таравари, лидер на Алијансата за Албанците, како и лидерите на Европскиот сојуз за промени Билал Касами од Беса, Изет Меџити од Демократското движење и Африм Гаши од Алтернатива. На средбата учествуваше и советникот на Курти Беким Ќоку.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Овојпат треба да биде Албанец’ – Таравари, Касами, Меџити и Гаши зборуваа со Курти за претседател на * Македонија“.
ТВ 21 пишува: „Тие заедно разговараа за ситуацијата во регионот на Балканот, за добрососедството и за перспективата на важното партнерство меѓу Косово и * Македонија. По средбата од Владата на Косово изјавија дека на споменатата средба било разговарано за општествената и политичката ситуација во * Македонија и за претседател. Според соопштението, Таравари, Касами, Меџити и Гаши дале предлог за претседател на * Македонија ‘овојпат редот треба да биде на еден Албанец“.
Се актуелизира прашањето: дали на денешната средба во Приштина косовскиот премиер Албин Курти и лидерите на албанската опозиција Меџити, Касами и Гаши, во „содејство“ со лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, „кроеја“, или можеби веќе и „скроија“ некаква „Приштинска платформа“ за „иден албански претседател на * Македонија“?! Дали можеби веќе имаат некаков договор како да настапат уште на годинашниве претседателски избори во Република Македонија?!





