Косовски политичар и српски мафијаши убиени од убиец со македонски пасош издаден од МВР на Оливер Спасовски (ФОТО)

Најновите информации за случајот Двојник покажуваат дека срски политичар и српски мафијаши се убиени од луѓе со македонски пасош издаден од МВР на Оливер Спасовски.



Српскиот мафијаш Љубомир Лаиновиќ кој на 27.01.2020 извадил македонски пасош со туѓ идентитет е убиецот на косовскиот политичар Оливер Ивановиќ и на уште две други лица членови на Шкаљарскиот клан, тврди лице кое очигледно е добро упатено во случајот со издадените 215 пасоши од страна на МВР под команда на Оливер Спасовски.

Упатеното лице на Твитер дава линкови со потврда за врска меѓу мафијашот што добил македонски пасош и убиствата што биле извршени од него

• атентаторот на лидерот на Косовските срби, Оливер Ивановиќ [16.01.2018, Косовска Митровица] feljton.rs/2022/11/09/sin…
• атентаторот на 2ца Шкаљарци [19.01.2020, Атина] slobodenpecat.mk/lazhni-makedon…

Лицето објавува и најверојатно делови од предметот Двојник во кој беа осудени 6 лица шалтерски службеници а не беше обвинет ниту еден од повисоката хиерархија во МВР на чело со Спасовски која единствено можела да организира ваква сложена операција вредна најмалку десетина милиони евра.

Судијката Оља Ристова која го судеше случајот Двојник јавно откри дека организаторите на криминалното издавање на македонски пасоши на криминалци не се опфатени со обвинението а таа самата не можела да ги додаде.

Според српскиот печат при испрашување за убиство на двајца српски мафијаши во судот во Белгрњд се споменуваат и лажни пасоши од Македонија, кои „ги направиле Македонците“.

На прашањето кога Лаиновиќ преминал на Косово, кога преку Македонија бегал по извршената егзекуција во Грција, сведокот Лалиќ одговори:

„Таму илегално преминал од Македонија, а мислам дека преминал со лажен пасош, направен за него од Македонците…“

Македонски пасоши имале и убиените во Атина, а тие беа опфатени со истрагата во Македонија за случајот „Двојник“. Лани беше објавено дека убиените имале лажни македонски пасоши со украдени идентитети на наши државјани. Овие лажни патни исправи се дел од 214-те вакви пасоши кои ги издало МВР, од кои голем дел завршиле кај криминалци од Србија, Албанија и Црна Гора, но и од Бразил и Велика Британија.

Судијката Оља Ристова изјави дека и по пресудите за Двојник продолжува ,,штанцање на пасоши од страна на МВР”.

Судијка открива дека и по пресуди за ,,Двојник” МВР продолжува издавање пасоши за криминалци (ВИДЕО)