Косовски полицајци впериле пушка во синот на Вучиќ, барале да ја соблече маицата…

Данило, синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера бил запрен од косовската полиција на враќање од собирот во Грачаница по повод празникот Видовден.



Како што пренесуваат српските и косовските медиуми, бил запрен на автопат од страна на косовската полиција која од него побарала да ја соблече маицата.

На маицата која ја носел синот на Вучиќ стоел порака „Предавањето не е опција“, што полицијата оценила дека е провокативна.

Вучиќ на Инстаграм објави низ што поминал неговиот син Данило кога бил запрен од косовската полиција.

„Дури сега дознав што се случувало на Косово. Последен пат кога го запреа Данило, недалеку од Подуево, албанската полиција бараше да ја соблече маицата на која пишуваше „Предавањетп не е опција“, напиша тој.

„Данило не се согласи, а потоа му вперија пушка и го прашаа: „Таткото име?“ Тој одговори: „Александар! Тоа е мојот татко и твојот претседател!

Не му ја соблекоа маицата, не му го извалкаа лицето. Предавањето не е опција“, напиша Вучиќ на Инстаграм.