Претседателката на Косово, Вјоса Османи, во интервју за британското радио „Тајмс“ изјави дека Косово е длабоко загрижено за настаните во Украина и изрази поддршка за украинскиот народ и за територијалниот интегритет и суверенитет на оваа земја.
„Сметаме дека ова што се случува е флагрантна злоупотреба на моќта и кршење на меѓународното право и практики од страна на Русија. Вистината е дека Украина е независна држава и на слободниот и демократски народ на Украина е да донесе одлуки за својата иднина“, рече Османи.
Според неа, НАТО треба да има активна улога во овие настани и се надева дека наскоро ќе се најде решение за оваа „флагрантна злоупотреба на власта“.






