Косовската опозиција бара интерпелација за Блерим Река

По изјавата на косовскиот министер за евроинтеграции дека на Србија ќе и понуди излез на море преку косовска територија, косовската опозиција поднесе предлог за разрешување на Блерим Река, пренесе „360 степени“.



Говорејќи за изнаоѓање решение за спорот со Србија, Река предложил на Србија да ѝ се обезбеди пристап до Јадранското Море преку транзитен коридор кој би минувал низ Косово.

За косовската опозиција ваквото однесување на Река е спротивно на уставот и на косовските закони.

Блерим Река стапи на должноста министер за европски интеграции во Кабинетот на Албин Курти на 3 март оваа година.

Река, кој има двојно државјанство, беше независен кандидат за претседател на Македонија, поддржан од Алијансата за Албанците и од Движењето Беса.