Косово во НАТО – ако се согласат сите сојузници

Одговарајќи на прашање за барањето на Приштина за прием во НАТО, генералниот секретар вели дека за тоа е потребен консензус.



„Сите сојузници мора да се согласат. Затоа, единствениот начин да се постигне членство за сите е да се согласат сите сојузници“, изјавил Јенс Столтенберг пренесе B92.

Според него, најважната работа што Косово може да ја направи сега е да продолжи да се занимава со дијалогот со Србија.

Пет земји од Европската унија не го признаваат Косово: Шпанија, Романија, Грција, Словачка и Кипар одбиваат да го признаат едностраното прогласување на независност на Косово повеќе од 12 години, а сите освен Кипар се членки на НАТО.