Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Фејсбук објави дека „од денеска, границата на Косово не постои за Албанија“.
„ Во интерес на косово и Албанија е да го зачуваат и унапредат билатералното партнерство меѓу двете земји. Денес, ми беше чест да учествувам во потпишувањето на договорот за воспоставување на заеднички гранични точки меѓу Косово и Албанија, според принципот на IBM и нашиот заеднички европски пат“, напиша Харадинај на Фејсбук.
„Од сега па натаму, границата на Косово кон Албанија не постои, ќе имаме само една заедничка станица. Работата ќе продолжи и во март ќе влеземе во втората фаза од целосната елиминација на границата меѓу Косово и Албанија, врз основа на шенгенските принципи“, напиша Харадинај.





