Косово: Тројца загинати во нелегална трка со автомобили

Сообраќајна несреќа се случила ноќеска во 02,45 часот на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Призрен, пренесуваат косовските медиуми.



До несреќата во која три лица загина, а уште три други се повредени, дошло кога автомобил, што учествувал во нелегална трка на автопатот, ја загубил контролата и завршил во публиката.

Во полицискиот извештај за случајот е наведено дека тројцата загинати, кои се на возраст од околу 20 години и се од Ѓаковица, биле удрени од автомобил кој изгубил контрола додека тие следеле нелегална трка меѓу автомобили на автопатот.

 

Медиумот Репортери.нет објави и снимка на која се гледа брзото возење на автомобилот, а потоа се слуша звукот на сопирачките и ударот.