Косово се кандидира за домаќин на Медитеранските игри во 2030 година

Косово официјално се кандидира за организирање на 21. Медитерански игри што ќе се одржат во 2030 година, објави премиерот Албин Курти по средбата со претседателот на Косовоскиот олимписки комитет, Исмет Красниќи.



Ако ја добие организацијата, Игрите ќе се одржат во седумте најголеми косовски општини.

Албанија се согласи да овозможи пристап до море за спортовите за кои е потребно тоа.

Косово дебитираше на Медитеранските игри во 2018 година во Тарагона, Шпанија, и во досегашните две учества, заедно со Игрите 2022 во Оран, Алжир, има освоено 10 медали, од кои 6 златни, 1 сребрен и 3 бронзени.

Следните Медитерански игри ќе се одржат во 2026 година во италијанскиот град Таранто.