Косово: Рекордни 221 заразени од коронавирус за 24 часа

Во Косово изминатите 24 часа биле регистрирани 221 лице, што е највисока бројка на новозаболени од Ковид-19 уште од крајот на април годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.



Во истиот периот биле извршени 3.160 тестирања.

Регистриран е и еден смртен случај како последица на Ковид-19, така што вкупната бројка на жртви на пандемијата, од нејзината појава, достигна до 2.268.

Коронавирусот во Косово досега е откриен кај вкупно 108.844 лица, од кои како излекувани се водат 105.688 (21 минатото деноноќие), додека активни носители на вирусот се 888 лица.