Израел и Косово се согласија да воспостават дипломатски односи, а Косово, заедно со Србија, ќе отвори амбасади во Ерусалим, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Косово ќе биде првата земја со муслиманско мнозинство што ќе отвори амбасада во Ерусалим. Како што кажав последниве денови – кругот на мирот и признавањето на Израел се шири и се очекува да се приклучат повеќе земји“, изјави Нетенјаху, како што пренесува Ројтерс.
Изјавата дојде веднаш откако претседателот на САД Доналд Трамп даде слична најава во Вашингтон, каде што се сретна со лидерите на Србија и Косово, кои се согласија да ги нормализираат економските врски меѓу нив.
Само две земји – САД и Гватемала имаат амбасади во Ерусалим, кој Трамп го призна за престолнина на Израел и покрај противењето на палестинцитe, потсетува 360 степени.





