Косово остро се спротивставува на идејата на Србија за „балкански шенген“, изјави поранешниот главен преговарач со Србија, Едита Тахири, за Ora News. Според неа на предлогот на Белград треба да се гледа како нео-југословенски тренд што ќе му наштети на Балканот и на Европа.
Тахири смета дека Балканот не е заинтересиран и не треба да биде заинтересиран за обединување и отворање на граници, туку за Европската унија.
„Оваа идеја не е нова. Ова е нео-југословенски тренд и не треба да се брза. И Албанија не треба да брза. Со ова ЕУ сака да се искупи затоа што го напушти Западен Балкан и не беше во можност да го присоедини. Балканскиот шенген ќе биде стратешка грешка што ќе има последици и за Балканот и за Европа “, вели Тахири.
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше за „отстранување на пречките за деловното работење и за слободно движење на луѓе, добра и услуги на Балканот“ за време на неговата средба со македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама.
Србија, под маската на економската соработка, се обидува да ја врати својата позиција во регионот како хегемон која беше изгубена по крвавите војни во поранешна Југославија во 90-тите…
Спроведувањето на идејата за балкански шенген всушност ќе ја врати економски Југославија, имено Србија, да ја консолидира својата доминација во Западен Балкан, пишува БГНЕС.





