Косово протера игумен од српски манастир во Македонија

Игуменот на манастирот на СПЦ, Девина Вода во Косово, отец Фотије синоќа бил протеран од Косово во Македонија и воедно добил 5-годишна забрана за влез во Косово.



Отец Фотије инаку е македонски државјанин, информираат од Рашко-призренската епархија.

Отец Фотије чие граѓанско име е Александар Костовски е роден во Скопје во 1981-ва година, а по завршена музичка академија во Софија во Бугарија, во 2004-тата се замонашил во Косово во Епархијата на Српската православна црква по што во 2009-тата станал игумен на манастирот во близина на Звечан во северно Косово, дознава Телма.

Тој е протеран откако поднел барање за продолжување на престојувалиштето во Косово. Службите во Приштина го притвориле и со образложение “причини од национална безбедност” му определиле протерување.

Од Рашко-Призренската Епархија во која спаѓа и протераниот свештеник обвинуваат дека косовските власти не се придржувале до Законот за верски слободи и противправно и произволно го протерале отец Фотије додека ги подигнувал веќе одпбрените документи за престој.