Во Косово е покрената петиција со која се бара граѓаните кои не ги почитувале епидемиолошките мерки да бидат ослободени од плаќање на казната.
Петицијата досега е поддржана од илјадници граѓани, а организаторите планираат да соберат најмалку 10.000 потписи.
Петицијата ќе биде доставена до Собранието со барање за усвојување на закон што ќе овозможи простување на казните бидејќи, вкупниот износ на казни надминал десет милиони евра.
Најниска казна за непочитување на анти-ковид мерките е 35 евра, јавува Ал џезира.






