Косово најнебезбедна земја во регионот, Македонија со низок ризик

Либија, Авганистан и Сомалија се најопасните земји во светот, додека Финска, Норвешка и Исланд се оценети како најбезбедни.



Тоа го покажуваат податоците на безбедносните експерти на компанијата International SOS and Control risk, која се грижи за медицинска и безбедносна помош.

Од земјите во регионот за најбезбедна е прогласена Словенија, а најнебезбедна е Косово. Словенија е оценета како држава со незначителен ризик, а Косово со среден ризик.

Македонија, Србија, Унгарија, БиХ, Хрватска и Црна Гора се оценети како земји со низок ризик.