Портпаролот на ЕУ, Питер Стано, вели дека Косово не ги исполнува сите потребни услови сза евентуалното барање за кандидатура на Приштина во ЕУ да биде „сeриозно разгледано“ во Брисел.



„Секој може да направи што сака, но реално, кандидатурата се поднесува и сериозно се разгледува само ако исполнувате одредени критериуми, а еден од нив е дека сте признати како држава од сите земји-членки. Без тоа, не можете да започнете вистински процес“, рече Стано.

„ЕУ прифаќа само признати држави како членки“, одговорил Стано на прашање на албански новинари.

Словачка, Грција, Кипар, Романија и Шпанија се петте земји членки на ЕУ кои не го признаваат Косово.