Актуелниот косовски премиер, Албин Курти доби нов четиригодишен мандат на чело на владејачка партија, Самоопределување (ВВ), јави дописникот на МИА од Приштина.
На вчерашните внатрешни избори, како единствен кандидат, Курти доби 98 отсто од гласовите, против него гласале 0,89 отсто, додека 0,51 отсто не се изјасниле.
Курти беше лидер на ВВ од основањето во 2005 до 2015 година, кога се повлече и кога на внатрешните избори за нов лидер беше избран Висар Имери.
Во 2018 година Имери поднесе оставка, а на чело на партијата се врати Курти.






