Косовската претседателка Вјоса Османи објави дека Косово ќе им понуди засолниште на Авганистанците соработници на армијата на САД како дел од нивниот процес на преселување во Америка.
Косово „никогаш нема да ја затвори вратата за оние што се принудени да ги напуштат своите домови и да трчаат по својот живот“, порача Османи откако Косово доби барање од САД за прифат на Авганистанците кои бегаат од одмазда на Талибаните кои ја презедоа државата по повлекувањето на Америка.
Засега не се знае бројот на луѓе што треба да ги засолни Косово а Ројтерс јавува за 50 до 80 илјади луѓе кои бараат релокација од земјата по Талибанските освојување на земјата.
Во 1999 година над 360 илјади Косовари беа прифатени во Македонија откако заминаа од Косово по конфликтот со Србија.






