Министерството за внатрешни работи на Косово планира да воведе контрола на нелегалното оружје, давајќи им можност на граѓаните да го легализираат или доброволно да го предадат.
Според неодамнешното истражување спроведено од Министерството за внатрешни работи, во Косово има околу 240.000 парчиња оружје кое незаконски се во рацете на граѓаните.
Според косовската полиција, во текот на 2017 година биле запленети 1.211 парчиња оружје од различен вид и 26.178 парчиња муниција со различен калибар.
Иако Законот за оружје, кој предвидува легализирање на оружјето, е во сила од 2015 година, ова досега беше невозможно поради отсуство на соодветно административно упатство, кое сега го подготви миннистерството за внатрешни работи.
Оваа инструкција предвидува шестмесечен период за процедурите за легализација на оружјето, додека крајниот рок за доброволно предавање на оружје, муниција и експлозивни направи ќе биде 3 месеци, пишува „Коха Диторе“.
За легализација на оружјето, корисникот мора да биде над 21 година, да не биде гонет за кривични дела и да не биде осудуван.
Покрај тоа, потребен е теоретски и практичен тест за употреба на оружјето.
Во текот на тримесечниот период, имателите на нелегално оружје ќе може доброволно да го предадат без никакви последици.





