Потпретседателот на косовската влада Фатмир Лимај кој е еден од новоизбраните шефови на приштински тим за продолжување на дијалогот со Белград, најави дека „барање за воена отштета“ ќе биде една од 15-те теми за завршување на тој процес.
Тој повтори дека меѓу другите теми се, „меѓусебно признавање, исчезнати лица и сукцесија“, објави Коха диторе.
Лимај е еден од поранешните команданти на ОВК. Тој е избран во преговарачкиот тим на вонредна седница на косовскиот парламент.
Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин оцени дека изборот на Лимај е „потценување на здравиот разум и само иедеја за дијалог“.
„Кога на чело на преговарачки тим ставате убиец тогаш јасно е дека сакате преговорите да бидат убиени. Да го ставите Лимај во преговарачки тим тоа е потценување со здравиот разум и само идеја за дијалог“, нагласи Вулин.





