Претседателот на косовскоото собрание, Вјоса Османи ја обвини Србија дека спроведува систематско етничко чистење на Албанците во Медвеѓа, Бујановац и Прешево.
Османи синоќа на Фејсбук напиша дека според пописот во 2011 година, во Медвеѓа живееле 7.438 Албанци, и дека сега, како што тврди таа, се проценува дека има само 600 Албанци, иако нема официјална статистика,м пренесува Б92.
„Ова систематско намалување на албанското население во Медвеѓа не е случајно“, рече Османи, додавајќи дека Албанците, како што вели, „се лишени од основните човекови права на јазик, образование, право на работа и постојан притисок од српскиот режим, без право на жалба“, поради што биле принудени да бараат подобри услови за живот за нивните семејства.
Османи изјави дека вториот проблем е „пасивација на адресите на албанското население“, поради што, како што вели, Албанците не можеле да преземат правни дејствија против Србија во случаи „кога нивните права биле повредени и кога биле дискриминирани по етничка основа“.





