Oсвен нормализација на односите, се очекува демаркацијата односно одбележување на граничната линија ќе биде услов за Косово и за Србија за интеграција во ЕУ.



Европската унија јасно им јстави до знаење на сите земји од Западен Балкан со новата стратегија за проширување дека тие не можат да ги внесуваат нивните проблеми и конфликти во ЕУ и дека мора да ги решат пред да побараат членство во текот на следните години.

Претседателот на Државната комисија за обележување на границата со Косово, Шпејтим Булиќи, изјави за Радио Слободна Европа дека Косово има доволно потенцијал да пристапи кон решавање на прашањето за демаркација на границата со државата Србија, јавува приштинска „Газета Експрес“

Косово до декември 1988 година имаше административни граници. Тие се признаени со планот на Марти Ахтисари за косовската независност, кој ги почитува границите согласно Уставот од 1974 година (кога Косово беше автономна покраина во поранешна Југославија).