Владата на Косово на денешната седница ја ја укина одлуката за зголемените царини за увоз на земјоделски производи, воведени на 18 јули.
Министерот за економија Кресник Бектеши, на прес конференција рече дека од Приштина бил информиран дека Косово ја повлече одлуката.
„Биле биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на петочната средба во Приштина“, истакна Бектеш кој во петокот во приштина имаше средба со косовскиот министер за индустрија и трговија Бајрам Хасани.
Косово пред 15 дена, и среде сезона, ги зголеми за 30 насто царините за 21 земјоделски производи со објаснување дека со тоа им помага на домашните производители. Набрзо ја смени одлуката, но останаа повисоките царини за доматите, пиперките, јаболката, крушите, сливите, малините и грозјето, на кои отпаѓа најголем дел од македонскиот извоз на косовскиот пазар.
Поради повисоките царини, извозот од Македонија кон Косово од 18 јули е речиси стопиран.
Вчера и Европската комисија изрази жалење што одлуката беше укината само за земјите од ЕУ, но остана во сила за земјите во регионот и ги повикаа косовските власти „да се реши ситуацијата“.





