Европската Унија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја повлекоа поддршката за проектот на обнова на зграда во косовскиот град Митровица зашто е поврзана со политичар кој бил соработник на нацистичкиот режим.



Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, го критикуваше реновирањето на куќата на косовско-албанскиот политичар Џафер Дева, кој беше министер за внатрешни работи во албанската нацистичка колаборационистичка влада во 1944 година.

Во 1944 година, полициска единица под негова команда, наводно, убила 86 жители на Тирана, осомничени дека се анти-нацисти. Дева тогаш беше вклучен во регрутирање косовски Албанци во вооружените сили на Нацистичката партија, Вафен-СС.

Откако останал без работа, Дева со помош на Германија побегнал во Хрватска и Австрија. Тој живеел во Дамаск пред да се пресели во САД,објави Exit.al

Објектот од 1930-ите изграден во модернистички стил требаше да биде претворен во културен центар.

Дева бил основач на СС-дивизијата „Скендербег“, која регрутирала Албанци.

Куќата во која живеел во Митровица, е руинирана.

УНДП во Косово објави дека ќе ги финансира работите за реставрација на „едно од највпечатливите места на наследство во Митровица“.

Рохде реагираше на веста, обвинувајќи го проектот за „перење“ на историјата и сочувство со воен злосторник.

„УНДП и ЕУ изразуваат длабоко жалење поради случајната навреда нанесена со најавата дека ќе покренат обнова, при што ја занемарија историската позадина на Џафер Дева“, се вели во нивното соопштение.